Emre Gürkan Abay
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
МОСКВА
Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, соопшти дека е позитивен на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мишустин оваа информација ја потврди на состанокот кој го одржа преку видео-конференција во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот премиер рече дека ќе се самоизолира врз основа на препораките на надлежните.
„Самоизолацијата треба да се направи со цел да не ги ставам во опасност моите колеги. Владата ќе продолжи со работа, додека со моите колеги ќе бидам во постојан контакт преку алатките за комуникација“, додаде Мишустин.
Во текот на процесот на неговото лекување, Мишустин предложи на негово место да биде овластен првиот вицепремиер на земјата, Андреј Белусов.
Путин го прифати овој предлог, посакувајќи брзо заздравување на Мишустин.