Sinan Doğan,Emel Gözellik
29 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 809 лицa, а во Бразил 317, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 809 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 96.351.
Покрај тоа, во последните 24 часа се откриени уште 71.943 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 6.145.291.
Досега во земјата, која има популација од над 1,3 милијарди, од Ковид-19 оздравеа 5.101.397 лица.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 317 лицa во изминатото деноноќие, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 142.058 лица.
Дијагностицирани се нови 13.155 новозаразени, со што вкупниот број на евидентирани случаи со коронавирусот порасна на 4.745.464.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 4.084.182.