Emel Öz Gözellik
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во индиската сојузна држава Андра Прадеш, во реката Кришна се преврте брод кој превезувал 40 патници. Во несреќата, животот го загубија 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во локалните медиуми, во несреќата што се случи во реката Кришна, бројот на загинатите изнесува 20 лица.
На бродот се превезувале околу 40 патници, а 15 од нив се спасени од страна на рибарски бродчиња.
Во тек се активностите на спасувачките екипи за пронаоѓање на исчезнатите патници.
Претседателот на државата Андра Прадеш, Н. Чандрабабу Наиду, пристигна во подрачето на несреќата.
Официјалните претставници истакнаа дека на бродот немало спасувачки елеци, а тој носел поголем број патници од дозволеното според неговиот капацитет.
Започната е истрага во врска со несреќата.