Ferdi Türkten
11 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека во Турција е откриен првиот случај на новит вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Резултатите на еден наш граѓанин за кој се сомневаше дека има коронавирус, се позитивни“, рече Коџа, на прес-конфереција.
Тој информираше дека пациентот вирусот го добил од посета на Европа и дека тој е целосно изолиран од надворешниот свет.
Според турскиот министер за здравство, овој случај на Ковид-19 во Турција е рано дијагностициран.
„Пациентот е машко и е во добра состојба. Сите членови на неговото семејство и сите блиски лица до него се под надзор“, информираше Коџа.
Турскиот министер Коџа упати апел до граѓаните да не патуваат во странство доколку не е задолжително и да ги почитуваат препораките на министерството за заштита од коронавирус.
„Додека го предупредувавме светот, во исто време се подготвивме. Нашето министерство, нашата држава со сите свои капацитети ја планираше својата борба против коронавирусот“, рече Коџа.
Тој нагласи дека успехот кој го покажале до денес во борбата против коронавирус, треба да се смета како гаранција дека борбата и понатаму ќе биде лесна.
„Еден случај или неколку случаи не треба да се сметаат како епидемија“, истакна Коџа.
Според него, коронавирусот не е помоќен од мерките кои ќе ги преземаат, а еден пациент не може да претставува целокупен ризик.
„Еден пациент кој е задржан под карантин, не може претставува закана за општеството“, додаде турскиот министер за здравство.
Коџа рече дека тоа што треба да направат сега е дека животот треба да го насочат во согласност со преземените мерки.
Тој подвлече дека ќе водат борба против овој глобален проблем.
„Ризикот е конкретен, а мерките се прости. Коронавирусот не е помоќен од мерките кои ќе ги преземаме“, рече Коџа, додавајќи дека од граѓаните очекуваат да ги почитуваат мерките за борба против овој вирус.