Ali Cura
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 16.310, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 951.897, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 4.921 нов случаj на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 951.897.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 121 лицe. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 16.310.
Оздравеа уште 6.147 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 767.477 лица.
Во Русија направени се над 34,1 милиони тестирања за Ковид-19.