Ekipa
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи коронавирусот за глобална пандемија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата во седиштето на СЗО во Женева, челникот на здравствената агенција на ОН, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека во текот на изминатата недела бројот на заболени од Ковид-19 надвор од Кина се зголемил за 13 пати, а тројно се зголемил во однос на бројот на земји каде што е раширен.
„Сега има над 118.000 случаи на заразени низ 114 земји, а над 900 лица се наоѓаат на интензивна нега само во Италија“, рече Аданом.
Тој додаде дека ова е прва пандемија предизвикана од групата на коронавируси.
Истакна дека светот никогаш не видел пандемија што може да се контролира во истовреме, додавајќи дека некои земји не преземале доволни чекори за запирање на вирусот.