Ekipa
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во изминатите две години во целиот свет речиси 1.000 луѓе се убиени во напади на медицински установи за време на судирите во кои се кршат хуманитарните норми, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен денес се наведува дека ситуацијата е алармантна кога станува збор за непочитување на здравствената заштита во војните помеѓу владите и вооружените групи.
Во детална студија на СЗО се вели дека во 2014 и 2015 година се извршени 594 напади на болници и клиники на Блискиот Исток, во Африка и на други места. Во нападите загинаале 959 медицински професионалци, помошници на персоналот, пациенти и посетители на болници, а над 1.500 се повредени.
Исто така, се истакнува дека над 60 проценти од нападите на болниците биле намерни, додека 20 отсто биле случајни.