Tufan Aktaş
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Др. Машидисо Моети, директорка на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, истакна дека пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) уште повеќе ја влошува состојбата на над 200 милиони неухранети лица во Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На брифингот за новинари одржан преку телеконференција, Моети нагласи дека безбедноста на храната во Африка е во итна состојба и дека уште повеќе се ослабнува имунитетот на неухранети лица.
Моети истакна дека моментално околу 200 милиони лица немаат пристап до доволна храна, и рече: „Ковид-19 уште повеќе ја влошува состојбата“.
Според неа, треба да се продолжи со осигурување на основните средства, и дека во последниот извештај на Обединетите нации (ОН) се открива дека во случај да запираат работите во врска со СИДА, можне да умираат половина милиони лица во шест месеци.
Осврнувајќи се на тоа дека пандемијата предизвика дискусии оти ќе се одложат изборите, Moeti додаде: „Видовме дека некои земји одржаа избори осигурувајќи соодветни услови, значи може да се одржат“.
Инаку, во афркинаските земји досега околу 2.500 лица починаа поради Ковид-19.