АНКАРА (АА) - „Турција во соработката со Африка не е ограничена ниту на полето на дипломатијата, ниту на полето на трговијата. Посветени сме на одржувањето на интересите на африканските земји", напиша претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во својот напис за Al Jazeera English под наслов „ Африка: Пријател, сонародник и партнер на Турција", пренесува Anadolu Agency (AA).
Tурскиот претседател Ердоган, пишува дека Турција и нејзините пријатели и сојузници од Африка сакаат да имаат поблиска соработка.
„Во текот на наредните денови, Турските политички и бизнис лидери ќе започнат со историската посета во Уганда, Кенија и Сомалија. Ќе се обидеме да создадеме поблиска соработка со нашите регионални сојузници, да пронајдеме решенија на заеднички предизвици и да истражиме заемно поволни можности" .
Според написот на турскиот претседател „многу луѓе во светот го поврзуваат Африканскиот континент со крајна сиромаштија, насилни судири и состојба на безнадежност. Луѓето во Турција имаат различен поглед. Ние веруваме дека Африка заслужува подобро".
- Африка има три основни предности
Во објавениот напис, турскиот претседател Ердоган ја истакнува позитивноста на контитентот Африка кој има млада и енергична популација во време кога другите делови од светот стареаат брзо.
„Прво, континентот има млада и енергична популација во време кога во Европа и другите делови од светот популацијата старее брзо. Ако светот соработува со локалните и националните влади во регионот, можеме да пружиме можност за младите луѓе да создадат позитивно влјание врз нивните заедници. Афричките жени, исто така, имаат потенцијал да станат активни играчи во економскиот и социјалниот живот" .
Освен тоа, се наведув во написот дека „Африка е континент благословен со огромни природни ресурси. Уганда и Кенија, покрај другото, не само што имаат големи резерви на нафта, но исто така имаат и плодна земја и редовни врнежи од дожд".
„Да биде јасно, остатокот од Африка не е ништо поразличен, иако годините на колонијализмот и експлотацијата им ги одзедоа локалните заедници кои со право им припаѓаа на нив. Ако светот престане да биде алчен и се фокусира да му помогне на Африканскиот народ, континентот може да стане економски центар", стои во написот на турскиот претседател Ердоган, кој наведува дека луѓето во Африка имаат голем претприемачки дух го голем потенцијал.
„На крајот од краиштата, луѓето во Африка имаат голем претприемачки дух кој би можел да го сврти континентот. И покрај децении на експлоатација и разни предизвици, континентот одсекогаш пронаоѓал начин да преживее преку разни иновации. Како што се смета дека Африка има значајна улога во меѓународната област, овој дух на претприемништво ќе помогне во создавање на побезбедна иднина за следните генерации".
- Напорите на Турција
Уште од 2002 година, потсетува турскиот претседател во својот напис објавен на Al Jazeera English, Владата на Турција работеше напорно да им помогне на Африканските држави да го откријат својот потенцијал и да ги упатат своите чекори во вистински правец.
„Во обид на зајакнување на нашите одамна занемарени врски со континентот, Турција, во 2005 година започна Африканска иницијатива да соработува поблиску со нашите пријатели и сојузници во регионот", се наведува во објавениот текст на турскиот претседател набројувајќи ги одржаните самити на Турција и Африка.
„Во наредните години, ние продолживме да одржиме два партнерски самити Турција-Африка во Истанбул, Турција и Малабо во Екваторска Гвинеја. Овие настани не беа само чин на благодарност кон Африка за нејзиното топло добредојде, но исто така потврдвање на нашата посветеност за долгорочно партнерство. Всушност, Самитите назначија пресвртница во односите на Турција со Африка".
„ Зголемената соработка помеѓу Турција и Африка покажува дека може многу да се постигне со вистинско ангажирање на нашите партнери и пронаоѓање на решенија кои се во корист на двете страни. Таа исто така испраќа силна порака за Африканскиот потенцијал во светот”, пишува претседателот Ердоган.
Истовремено, се наведува во текстот, турските официјални лица и невладините организации работеа со локалните заедници да се справат со проблемите. Со години, моделот за обезбедување на хуманитарна помош на Турција им помогна на милиони луѓе, вклучувајќи илјадници погодени од суша во Сомалија, да се вратат на своите нозе.
„Уште од 2011 година, Сомалија е една од првите три приматели на хуманитарна помош во Турција. Нашите напори продолжија со реализација на Турско-Сомалискиот проект за Образование и медицински центри за истражување, најголемата здравствена институција во Источна Африка минатата година", пишува турскиот претседател, кој наведува дека „како знак на континуирана посветеност на Турција за иднината на Сомалија, за време на мојата престојна посета ќе ја отворам новата Турска амбасада во Могадишу, која е најголема дипломатска мисија во Турција".
Турската агенција за соработка и развој (ТИКА), пишува во текстот, останува активна ширум континентот и спроведува стотици хуманитарни и развојни проекти, за обезбедување на подобра здравствена заштита, развиено земјоделство, заштита на околината и олеснување на трговијата.
„Во меѓувреме, повеќе од 4,500 Афрички студенти ќе го продолжат своето образование во турските престижни универзитети со стипендиите на владините и невладините организации. Она што го претставува нашиот развоен и хуманитарен модел е нашиот фокус на взаемна почит", напишано е во написот на турскиот претседател Рецеп Таип Ердоган.
- Подлабоко партнерство
Понатаму, турскиот претседател во својот напис посветен на Африка, наведува дека турските билатералните односи со африканските држави се подобрија.
„Во последните години, турските билатерални односи со Африканските држави се подобрија. Рекорден број на официјални посети од страна на турските и африкански лидери ни помогнаа да изградиме посилни врски со континентот, развивање на еднакво парнерство и интерес на двете страни. По преземањето на турското Претседателство во август 2014 година, имав чест да посетам девет држави во Африка и да дочекам голем број на Африкански лидери во прилика на билатерални посети и меѓународни самити."
Претседателот на Турција, Ердоган, истакнува дека соработката на Турција со Африка не е ограничена со официјални посети.
„Во текот на изминатата деценија, Турција поптиша неколку договори и започна заеднички проекти ширум континентот да се спротистави на традиционалната хиерархија помеѓу експлоататорот и експлоатираните", пишува претседателот Ердоган, истакнувајќи дека во рамките на соработката со Африканкските земји Турција е посветена на остварување на интересите на Африканските држави.
„Како знак на нашата верба во Африка, Turkish Airlines зеде храбра одлука да влезе на Африканскиот пазар и брзо да ја прошири својата мрежа на 48 дестинации во 32 земји. Од 2000 година, трговијата на Турција со Супсахараска Африка се зголеми осум пати да достигне до 6 милијарди долари, како што и бројот на турските амбасади ширум континентот достигна до 34, односно се зголеми петкратно. Соработката на Турција со Африка не е ограничена на дипломатија или трговија. Во меѓународната област, ние сме посветени на остварување на интересите на Африканските држави."
- Светскиот хуманитарен самит и Турција
Исто така, претседателот Ердоган наведува дека откако Турција беше домаќин на четвртата конференција на Обединетите нации за најмалку развиени земји во 2011 година, Истанбул го отвори патот за првиот Светски хуманитарен самит кој се одржа минатата недела.
„Заедно со претставници од 173 земји, вклучувајќи ги 32 Супсахарски држави, здружените сили за реформа на меѓународниот хуманитарен систем со невладините организации, волонтерите и преживеаните од хуманитарните кризи, самитот даде надеж на милиони луѓе во Африка и пошироко" .
- Сонародник на Африка
Помеѓу другото, претседателот на Турција пишува дека „Турција со нетрпение очекува да соработува поблиску со нашите Арикански пријатели и сојузници во голем број на области".
„Многу Африкански држави, вклучувајќи ги Уганда, Кенија и Сомалија, останаа на фронтовите во војната против човековото страдање, при што Западните земји ги посветија своите ресурси во изградба на повисоки ѕидови и зголемување на безбедност", наведува во својот напис турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
- Ердоган - Херој на Сомалија
Меѓу другото, претседателот на Турција, Ердоган, пишува дека Република Турција ќе продолжи да ја подига свеста за напорите на Африканските држави.
„Откако турската влада потроши повеќе од 10 милијарди долари за обезбедување на хуманитарна помош на три милиони Сиријци во рамките на нашите граници, таа ќе продолжи да ја подига свеста за напорите на Африканските држави. Турција ќе преземе потребни чекори за развој на претприемништвото, кое имаше позитивно влијалние на Турската економија во изминатата декада".
Африканскиот занаетчиски пазар и Дом на култура, наведува претседателот Ердоган, кој беше лансиран во турскиот главен град Анкара со поддршка на првата дама Емине Ердоган, претставува конкретен чекор за да се создадат приходи за жени претприемачи во Африка. „Движејќи се понатаму, ние се надеваме да ги споделиме нашите претприемачки искуства со луѓето од Африка", напиша турскиот претседател кој на крајот од својот напис издвои една од неговите омилени поговорки.
„Една од моите омилени Африкански поговорки, гласи: Вистинската сиромаштија е недостаток на пријатели. Денес и засекогаш. Турција ќе биде пријател, сонародник и парнер на Африка."
news_share_descriptionsubscription_contact


