Sena Güler
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот фудбалски стратег и тренер на Галатасарај, Фатих Терим е заразен со коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
66 годишниот тренер Терим на социјалните мрежи лично соопшти дека денес е тестиран на коронавирус и дека тестот бил позитивен.
„Во сигурни раце сум во болницата. Не се грижете, ќе се слушнеме што поскоро“, порача Терим кој поради својот темперамент во светот на фудбалот е познат и под прекарот „Император“.