Emre Doğan
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ЛОНДОН (AA) – Италијанскиот тренер и шеф на стручниот штаб на лондоскиот Челзи Антонио Конте прогласен е за најдобар тренер во англиската Премиер лига, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната интернет страница на лондонскиот клуб соопштено е дека 47-годишниот Конте е прогласен за најдобар тренер на Премиер лигата во изминатата сезона во која Челзи ја освои шестата титула на првак на Англија.
Челзи ја отвори лошо сезоната и во првите шест кола освои само осум бодови, а тогаш италијанскиот фудбалски експерт Конте со промена на тактиката и менувањто на формацијата 3-4-3, го воведе Челзи во низа од 13 победи.
Конте на клупата на Челзи забележа 30 победи, три реми и пет порази, што беше доволно за освојување на титулата првак на Англија
Конте е втор италијански тренер кој е прогласен за најдобар во англиската Премиер лига, а минатата година тоа признание го доби Клаудио Раниери кој со Лестер Сити ја освои титулата на првак.