Ömür Melih Üzelce
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа соопшти дека уште 16 лица починале поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), а бројот на пациенти кои починале до денес се искачи на 75, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вчера тестиравме 5.035 лица. Денес тестиравме 7.286 лица. Имаме нови 1.196 случаи. Пациентите и нивните контактни кругови се изолирани. Загубивме 16 пациенти. Со тие резултати загубата на животи се искачи на 75, бројот на заразени се зголеми на 3.629. Инсистирам да ги спроведуваме мерките“, истакна министерот Фахретин Коџа во објава на социјалните мрежи.