Duygu Yener
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
АНКАРА - В изминатите 24 часа во Турција регистрирани се 1.203 оздравени лица од Ковид-19, вкупно 205.214 заразени од почетокот на пандемијата досега, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период дијагностицирани се 902 новозаразени со коронавирусот, а 19 лица ја загубија битката со вирусот. Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата во Турција изнесува 222.402, а досега се регистрирани 5.545 починати.
Според информациите достапни на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција и објавата што на социјалните мрежи ја постави министерот Фахретин Коџа, во последните 24 часа се изработени 43.404 тестирања, а кај 902 лица е откриен коронавирусот. Последните 24 часа починале 19 лица, а 1.203 оздравеле.
- „Бројот на нови случаи е на границата од 900 по 44 дена“ -
Министерот за здравство, Фахретин Коџа, за последните податоци од Ковид-19 на својот профил на Твитер напиша: „Во последните денови за првпат бројот на излекувани пациенти за 300 е поголем од бројот на новозаразените. Бројот на нови случаи, по 44 дена, е на границата од 900. Во голем број градови употребата на маски се прошири; животот влегува во еден ред кој дава надеж.“