Ahmet Gençtürk,Handan Kazancı
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турција денес регистрира над 43.300 случаи на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 43.301 заразени се потврдени низ целата земја, според најновите податоци на турското Министерство за здравство.
Вкупниот број на случаи на Ковид-19 од почетокот на епидемијата во Турција изнесува над 4,71 милиони, додека бројот на починати се зголеми за 346 во текот на изминатите 24 часа и достигна вкупно 39.057.
Уште 45.592 пациенти ја победија битката со вирусот, со што вкупниот број на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата надмина 4,16 милиони.
Досега во Турција направени се над 46,43 милиони тестирања за коронавирусот, со над 282.192 реализирани тестови во изминатите 24 часа.
Најновите податоци покажуваат дека бројот на пациенти со Ковид-19 во критична состојба е намален на 3.549.
Во Турција досега се администрирани речиси 21,9 милиони вакцини против коронавирусот од почетокот на националната кампања за имунизација на 14 јануари.
Според податоците на Министерството за здравство, над 13,44 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината, додека речиси 8,45 милиони луѓе ги имаат примено двете дози.
Турција ќе спроведе целосно затворање во земјата од четврток вечер кое ќе трае до 17 мај со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот.