Mümin Altaş
18 Септември 2025•Ажурирај: 18 Септември 2025
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Анкара, јавува Анадолу.
Претседателот Ердоган го пречека Абас на влезот на Претседателскиот комплекс во Анкара.
Ердоган и Абас се фотографираа на скалите пред турското и палестинското знаме.
Потоа двајцата претседатели заминаа на состанок што се одржа зад затворени врати. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан.