Jeyhun Aliyev
01 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
БАГДАД
Над 300 турски државјани се евакуирани во Турција од ирачкиот главен град Багдад и седум јужни покраини, на нивно барање да се вратат поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како дел од активностите на Турција да ги врати своите граѓани за Рамазан поради пандемијата на Ковид-19, турските граѓани се вратија во својата земја преку копнената рута со поддршка на турските министерства и Турската амбасада во Багдад.
Турските власти од почетокот на пандемијата во својата земја вратија околу 60.000 свои државјани од различни земји.
Во Турција се регистрирани вкупно 3.174 смртни случаи од Ковид-19, додека речиси 49.000 лица се излекувани од вирусот. Во моментот во земјата има 120.204 потврдени случаи на заразување со Ковид-19.
Ковид-19 се прошири во 200 земји и региони, откако за првпат беше забележан во кинескиот град Вухан минатата година. Во моментов САД и Европа епицентри на заразата.
Пандемијата во светот досега зеде над 233.000 животи, бројот на дијагностицирани случаи со вирусот надмина 3 милиони, додека повеќе од еден милион заболени оздравеа, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД.