Muhammed Ali Toruntay
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамките на борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, ќе биде испратена медицинска помош на Јужноафриканската Република, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството наведено е дека помошта во медицинска опрема е подготвена со инструкциите на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Исто така се истакнува дека медицинската помош за Јужноафриканската Република ќе биде доставена со авион од типот „А-400М“ на Турските вооружени сили (ТСК).
Турција испорача помош на најмалку 57 земји низ целиот свет за борба против коронавирусот Ковид-19 меѓу кои и во САД, Велика Британија, Италија, Шпанија, балканските држави и други.