Abdullah Aşıran
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
АМСТЕРДАМ
Во Холандија во последните 24 часа починаа 63 лица како последица од заразеност со вирусот Ковид-19, со што бројот на смртни случаи во оваа земја достигна бројка од 276 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државниот Институт за здравје и животна средина, кој е дел од Министерството за здравство на Холандија, ги ажурираше податоците за епидемијата на новиот тип коронавирус во оваа земја.
Според последните податоци, во последните 24 часа се забележани нови 63 смртни случаи, со што вкупниот број смртни случаи во Холандија изнесува 276 лица, а детектирани се нови 811 лица заразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се искачи на 5.560 лица.
Државниот Институт за здравје и животна средина на Холандија објави писмено соопштение во кое се вели дека во последните 24 часа е забележана најголемата бројка на починати и заразени лица од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека реалната бројка најверојатно е многу поголема бидејќи не се тестирани сите лица кај кои постојат симптоми на болеста. Досега во болница се пренесени 1.495 лица, а починатите се на возраст од 55 до 97 години.