Stipe Majic
15 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ЗАГРЕБ (AA) - Стожерот за цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека во Хрватска има 7 нови случаи со коронавирус, со што вкупната бројка на заразени од вирусот во земјата изнесува 46, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, соопшти дека во Хрватска има 46 случаи со коронавирус, 7 нови, од кои 5 во Осиек.
„Станува збор за ширење на вирусот во две семејства, од претходни контакти со лица позитивни на вирусот“, рече Берош.
Во Хрватска моментално има 724 примероци на тестирање, а 38 се во обработка.
Министерот за внатрешни работи на Република Хрватска, Давор Божиновиќ, најави дека на повеќе гранични премини со БиХ и со Србија ќе вршат дополнителни проверки, но луѓето кои од тие соседни држави доаѓаат во Хрватска, нема да мораат да бидат во самоизолација.
„Вкупно 57 хрватски граѓани на кои им е препишана епидемиолошката мерка се контролирани, а 18 се пријавени во санитарната инспекција поради кршење на изолацијата“, соопштни министерот.
Божиновиќ соопшти дека новиот режим на контрола на границите ги намалил гужвите кои настанале во изминатите денови.
„Во Република Хрватска во транзит под полициска придружба се 68 товарни возила и 2 автобуси кои се движат кон Бајково и 45 товарни возила кон Стара Градишка“, рече Божиновиќ.