Riyaz Ul Khaliq
28 Јануари 2021•Ажурирај: 31 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Јапонија денеска потврди дека ќе ја произведува вакцината против Ковид-19 развиена од британскиот фармацевтски гигант „АстраЗенека“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференција во главниот град Токио, главниот секретар на јапонскиот Кабинет, Кацунобу Като, рече: „Вчера добивме известување […] од „АстраЗенека“, во кое нè информираат дека имаат намера да произведат над 90 милиони дози во Јапонија.“
Јапонија потпиша договор со „АстраЗенека“ за набавка на 120 милиони дози на вакцината.
Според новинската агенција „Кјодо“, 75 отсто од сите вакцини на „АстраЗенека“ ќе бидат произведени во Јапонија.
Јапонската компанија „ЏЦР Фармацеутикалс“ со седиште во западната префектура Хјого се очекува да биде партнер на „АстраЗенека“.
Јапонија досега регистрира вкупно 378.274 случаи со коронавирусот и над 5.400 смртни случаи.
Американскиот производител на лекови „Фајзер“ исто така поднесе барање за одобрување на својата вакцина во Јапонија.