Burak Bir
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
НАГОЈА (АА) - Турција денес отвори Конзулат во јапонскиот град Нагоја, четвртиот најголем град во азиската земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, го отвори турскиот Генерален конзулат во Нагоја, каде што ќе присуствува на состанокот на министри за надворешни работи на Г20.
Во Службениот весник на 30 октомври беше објавен турскиот претседателски декрет во кој пишуваше дека Турција ја откажала својата одлука да отвори Конзулат во јапонскиот град Осака и дека ќе отвори Конзулат во Нагоја.
Зборувајќи на церемонијата на инаугурација, Чавушоглу рече дека Конзулатот во Нагоја, 246. дипломатска мисија на Турција, ќе им служи на сите турски државјани и Јапонци да се чувствуваат како дома.
Тој изјави дека турската Амбасада и Конзулатот ќе придонесат за зајакнување на политичките и економските односи меѓу Турција и Јапонија.
„Нашата цел е да им обезбедиме најдобра и најбрза услуга на нашите граѓани кои живеат во странство“, рече Чавушоглу.
Тој нагласи дека Турција работи на развивање на односите со сите земји во сите полиња, не само со развиените земји, туку исто така и со оние што не се развиени.
„Ние не ги браниме само правата на богатите земји, туку и правата на најмалку развиените земји. Поради оваа причина беше отворена Технолошката банка ОН во Гебзе [подрачје на северозападна област Коџаели во Турција], со цел да се развие економијата на најмалку развиените земји“, рече министерот за надворешни работи.
Чавушоглу во Нагоја, исто така, се состана и со јапонскиот колега Тошимицу Мотеги.
„Врз основа на силната волја на нашите водачи, нашите односи се развиваат. Наша цел е да го финализираме Договорот за економско партнерство, кој дополнително ќе ги зајакне нашите стратешки односи што е можно поскоро“, напиша Чавушоглу на Твитер.
„Јапонија им придава големо значење на односите со својот стратешки партнер и големата земја во регионот, Турција“, рече Мотеги.
Чавушоглу, исто така, потпиша договор за воздушни услуги со министерот за јавна инфраструктура на Палауан, Чарлс Обичанг.
„Овој договор претставува важен чекор во нашата билатерална соработка“, објави Чавушоглу на Твитер.
Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во јапонскиот град Нагоја на 22-23 ноември.