Bekim Laci
04 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Општина Вевчани соопшти дека направени се сите подготовки за организирањето на Вевчанскиот карневал, кој ќе се одржи меѓу 12 и 14 јануари оваа година, со што се одбележува Новата година според стариот календар, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, организатор на една од најзначајните културни активности во Македонија, на прес-конференција ги презентираше детаљите околу карневалот и истакна дека покрај дефилето со маски, ќе се одржи и забавна програма во која ќе настапат истакнати музички имиња.
Министерот Алаѓозовски нагласи дека Вевчанскиот карневал веќе е претворен во еден познат бренд, бидејќи успеа да направи спој на традициите со критичката култура, а укажа и на потенцијалот за развој на руралниот и културниот туризам, што е во согласност со визијата на ова министерство.
„Поддршката на овој фестивал од страна на Министерството за култура продолжува и очекуваме дека оваа година ќе имаме едно навистина добро издание коешто ќе биде солидна база во наредните години да ги оствариме развојните идеи поврзани со фестивалот. Ако зборуваме за децентрализација на културата, тогаш овој фестивал во Вевчани е уште еден пример за тоа“ рече Алаѓозовски.
Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанковски, пресене дека учесниците на карневалот имаат целосна слобода преку креативноста и импровизацијата да ја изразат својата критика и иронија во однос на општествените настани од минатата година.
„Со акумулираната енергија која кулминира во деновите на дочекот на новата година по стариот календар 13 и 14 јануари Вевчани станува театар на отворено и неформален центар на сатирата. Затоа, Ве поканувам на најстариот театар на отворено“ нагласи Јанковски.
Тој додаде додаде дека очекуваат бројни посетители од земјата и од странство, поради што оваа година карневалот ќе се одржи во деновите од викендот.
Вевчанскиот карневал се смета за еден од најголемите посебни, културни куриозитети во Македонија со традиција стара 1.400 години.
Овој карневал преку различни маски и персонификации пренесува пораки за настаните што се случија во текот на претходната година во земјата и пошироко, со доза на критика. Општина Вевчани и Вевчанскиот карневал се членки на Светската асоцијација на карневалски градови (ФЕЕЦ).