Besar Ademi
04 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Општина Вевчани како секоја година и оваа е подготвена да го организира карневалот, познат како Вевчански карневал, кој традиционално се одржува по повод Стара нова година, јавува Anadolu Agency (AA).
"Вевчанскиот Карневал 2016", кој ќе се одржи од 10-ти до 14-ти јануари, во споредба со претходните, освен традиционалниот карневал, организаторите подготвија атрактивна музичка програма, која ќе се одржи во два од четири предвидени дена.
Градоначалникот на Вевчани, Цветомир Утриноски, оваа година очекува да се зголеми бројот на домашни и странски посетители, поради тоа што како што изјави тој, оваа година програмата на карневалот ќе биде збогатена со атрактивна музичка програма.
"Веќе 15 векови се одржува "Вевчанскиот карневал". Претходно, карневалот со маски се одржуваше на 13-ти и 14-ти јануари, како уличен театар без режија, денеска се одржува на ист начин, само се збогатува програмата со други настани. Денес, веќе е еден познат карневал, кој се одржува четири или пет дена", рече Утриноски.
Вевчанскиот карневал има традиција од над 1400 години и се смета за еден од најголемите куриозитети, уникантна и културна посебност на Македонија. Се одржува на 13-ти и 14-ти јануари, наспроти првиот ден од Новата година, според стариот Јулијански календар.
Од 1993 година, Вевчанскиот карневал и Вевчани се членови на Светската асоцијација на карневалски градови - ФЕЕС.
"Вевчанскиот карневал е доволно етаблирана туристичка манифестација во земјава, кој и без кој, не би можела да се препознава туристичката карта на нашата држава. Вевчанскиот Карневал се разликува по тоа што не ги следи другите познати карневали, како што се карневалите во Рио де Жанеиро и Венеција, туку нашиот карневалот е автентичен, автохтон и оригинален и над сè е критички расположен за сите состојби и сите човекови недолични работи кои се направиле минатата година", изјави Мишо Китаноски, познавач на Вевчанскиот карневал.