Cansu Dikme,Merve Aydoğan
02 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Собирачите на ѓубре во културниот и финансиски центар Анкара имаат за цел да ги соберат и распоредат сите книги кои претходно биле фрлени во ѓубре, пишува Anadolu Agency (AA).
Општествените работници формираа библиотека во главниот град на подрачјето на Чанкаја, со книгите кои ги собрале од кантите за ѓубре.
„Ние всушност помагаме книгите кои се фрлени во ѓубрето да се сочуваат и повторно да ја добијат својата вредност“, вели за АА раководителката на одделот за човечки ресурси Сема Кешкаја.
„Првичната идеја за создавање на оваа библиотека се појави откако градските работници прашаа како би можеле да се искористат книгите кои биле фрлани в ѓубре“, рече Кешкаја.

Посетителите на библиотеката при влезот во библиотеката се пречекани од звуците на класичната музика. Полиците со книги се простираат долж ходникот до делот за читање, во кој се наоѓаат маси и столици кои ги чекаат љубителите на книги.
Во период од само осум месеци, библиотеката ја збогативме со 5.000 книги распоредени во 17 категории, книги од областа на литературата, историјата и политиката. Библиотеката сега е во фаза на донирање книги за училиштата и другите институции.
Кешкаја вели дека библиотеката прво била отворена за работниците и нивните семејства, но откако и другите жители покажале интерес, сега библиотеката била отворена за сите.
- Проверка на квалитетот на книгите -
Покрај книгите собрани од кантите за ѓубре, библиотеката има и голем број на книги донирани од лица кои ја посетуваат библиотеката.
Собирачот на ѓубре, Серхат Бајтемур (32) се радува поради проектот.
„Порано посакував да имам библиотека во својот дом. Сега имаме добра библиотека тука. Сакам да ги прочитам сите книги“, вели тој.
Библиотеката ги позајмува своите книги на читателите за почетен период од две недели, а доколку е потребно тој период може да се продолжи.

Библиотеката работи од рано изутрина до 5:30 попладне по локално време, при што работниците пред да започнат со своите смени одат таму или пак таму ја користат својата пауза за ручек.
„Во рамките на проектот се собрани различни книги со голема вредност. Сепак не сите книги се добро сочувани, па работниците имаат должност да ги распоредат и да ги проверат книгите во случај да фали некоја страница“, вели Кешкаја.
„Кога првпат почнавме, имавме навистина многу полици, но не и многу книги. Всушност, бев малку нервозна и се плашев дека нема да бидеме во можност да ги пополниме полиците. Гледав во полиците и си велев: 'Ни требаат најмалку 3.000 книги'. Но тогаш видов колку брзо се полнат, сега не можеме да постигнеме“, додаде таа.
„Нашата цел не е да пронајдеме книги и да ги зачуваме за себе, туку нашата цел е тие да бидат достапни и за нашите деца и нашите граѓани. Сакаме овие книги да бидат достапни за студентите и преку нив да ја поттикнеме навиката за читање“, вели Кешкаја.
Ерај Јилмаз, кој работи како библиотекар, ги повика луѓето да споделуваат книги со библиотеката.
„Книгите кои ќе ги споделат со нас ќе стигнат до лицата на кои им се потребни“, истакна тој.