ЗАГРЕБ (АА) - Сарарајлијата со адреса во Словенија Бранко Ѓуриќ - Ѓуро со својот (анти) стенд-ап шоу "Ѓурологија" успешно го обиколи регионот и светот. Во Загреб разговаравме за неизбежните теми - политиката, надреалистите, Сараево, рокенролот и славните пријатели на Ѓуро. Неодамна во Виена се одигра стотата претстава на (анти) станд-ап шоуто со наслов "Ѓурологија", откако со него успешно го обиколи регионот и бил на сите континенти освен ,засега, во Африка..., но ни тоа не е исклучено, вели Ѓуро во разговор за Anadolu Agency (AA).
Во јануари во Хрватска има девет или десет претстави, во февруари игра во Србија, а потоа очекува враќање на претставата во БиХ.
- Рокенролот има сериозна тенденција да пропадне- На прашањето дали на овие простори пропадна рокенролот, како што вели познатиот филм, Ѓуро истакнува:
"Што се однесува до мене, не пропаднал, но гледам дека има опасна тенденција да пропадне. Луѓето слушаат ѓубре и тоа е навистина загрижувачки.ж"
Како фронтмен на составот "Бомбај штампа" свири неколку концерти годишно, а подготвуваат и нови материјали. Ѓуро секојдневно ја има гитарата во рацете. Гитарата, вели, за него е инструмент за смирување.
-Домашните медиуми и холивудските sвезди-
Својот однос со холивудската sвезда Анџелина Џоли и Бред Пит го нарече како прашање кое исклучително го повлекуваат медиумите низ интервјуата во кои, како што вели, се се сведува на прашањето какви се Анџелина и Бред приватно. Ѓуто ги запознал за време на снимањето на филмот "Во земјата на крвта и медот" а со Анџелина одржува контакт допишувајќи се, што според него не е воопшто медиумски интересно.
-Сараево и политиката- "
"Кога денеска размислувам за Сараево и се обидувам во една реченица да го опшишам она што го чувствувам кон Сараево, некако најблиско чувство ми е такво, да би рекол дека ме боли Сараево, и тоа на разни начини", раскажува Ѓуро. Политиката е тема која, како што самиот вели, ја избегнува. Тоа е темата во која, порачува, не се разбира и вели дека нема некој "полтички рецепт" ни за една земја, па така ни за Босна и Херцеговина во која состојбата е секако комплицирана.
"Се сменија многу работи и сеуште се менуваат. Некогаш кон подобро, некогаш кон послабо. Знаете и самите што се случува во нашиот град во последно време и како ние го доживуваме тоа. Се надевам искрено дека постои надеж Сараево да биде такво како што беше некогаш... Нормално, не мислам дека би било исто како што беше некогаш, се се менува. Често слушам дека некој зборува: "Леле, колку луѓе се доселиле!".Мене ми пречи тоа. Сите ние од некаде се доселивме и немам ништо против луѓето кои доаѓаат барајќи за себе и своите подобар живот. И јас самиот се доселив во Словенија. И сите ние мигриравме пред многу векови и дојдовме од некаде. Не се сложувам дека е виновен некој кој дошол. Секогаш, секој доаѓа од некаде. Туку, генерално, ни недостасува тој некој дух.... со секира... Загор те Неј", низ смеа ја завршува реченицата некогашниот надреалиста, денес музичар и режисер Бранко Ѓуриќ-Ѓуро.
- Надреалистите се "виновни" што се бавам со оваа работа -
На прашањето дали сеуште се дружи со старото друштво од "Топ листата на надреалистите", Ѓуро одговара:
"Како и со сите луѓе со кои некогаш работиш, после со некои ќе се сретнеш, а со некои не."
Бранко Ѓуриќ живее во Љубљана, но во Сараево се среќава со Зенит и Оги, со Неле некогаш одамна во Љубљана, а со Дадо Џихан во Лондон, зависно каде е.
"Но, сега дека дека секој ден се слушаме по телевон, па : "Еј, како си, стари?', ние не сме толку добра раја како што на вас тоа можеби ви изгледа", вели Ѓуро.
"Ние бевме критика на општеството, но дури сега луѓето сериозно не разбираат, после 30 години. Тоа е малку и тажно и смешно. Требаше тогаш да слушаат" , порачува низ смеа. На прашањето дали "реунион" на надреалистите би бил добар економски потег, одговара:
"За ништо што работа не размислувам од економски аспект, посебно не за Надреалистите кои се некако "виновни" да се бавам со оваа работа. Свесен сум дека луѓето ме поврзуваат со тоа и тоа е веројатно најважното што сум го направил, но повторно да се прават некои работи .... Не знам ниу еден филм, чиј втор дел бил подобар од првиот. Нека почива во мир тоа и луѓето нека имаат убаво сеќавање за тоа" , резимираше Ѓуриќ.
- "Ѓурологија“, игран филм и нов мултимедиален театар -
Заедно со хрватскиот актер Рене Биторајиќ го купи киното "Мосор" во Загреб од кое ќе направат театар, односно мултимедиален простор со многу забавни содржини: театарски претстави, концерти, забави, шоу програми, кабарет. Како режисер, Ѓуро го подготвува својот трет игран филм во копродукција со Американците на обновено сопствено сценарио.
На послдната хрватска Ѓурологија која ќе се одржи во "КД Лесински", во Загреб, на први февруари со Ѓуро ќе настапи забавувачот и музичарот Лука Булиќ и Саша Лошиќ-Лоша од "Плави Оркестар" . За другите претстави гости ќе бидат изненадување за сите љубители на хуморот на Бранко Ѓуриќ Ѓуро.