САРАЕВО (АА) - Денес во Гази Хусрет-беговата библиотека во Сараево одржана е свеченост по повод 479- годишнина од основање на оваа установа. Др. Мустафа Јахиќ, бившиот директор на библиотеката, одржа предавање на тема " Гази Хусрет-беговата библиотека како културно - научна установа" јавува Anadolu Аgency (АА).
Во текот на свеченоста отворена е и изложбата "Босански завештанија на османлискиот јазик" - од авторката Азра Гаџо-Касумовиќ.
"Освен 497-та годишнина од основањето, одбележуваме и две години од преселувањето на библиотеката во нова зграда. Со тоа, ова е прилика да резимираме што сè имаме направено за овие две години и по кој пат одиме, и тоа како библиотеката понатаму подобро да се развива. Во своето предавање се обидов да го посочам вниманието на научно-истражувачката димензија на Библиотеката. Гази Хусрев-беговата библиотека е сигурно најзначајната институција за изучување на исламскиот аспект од културното наследство на БиХ. Изворите кои се наоѓаат во неа се единствени и тоа е појдовна точка за истражување на културното наследство од овој дел", рече доктор Јахиќ.
Изложбата на авторката Гаџо- Касумовиќ посветена е на завештанијата, односно специфичните документи кои можат да се дефинираат како босански аманети на османлискиот јазик. Во Гази Хусрев-беговата библиотека се наоѓаат дваесет оригинални завештанија кои се воглавно од периодот помеѓу 1762 и 1936 година.
Свеченоста е искористена да ѝ се додели признание на Мунира Смајловиќ, сопругата на починатиот Др. Ахмед Смајловиќ, познатиот алим, раководител на Исламската заедница, професор на Факултетот за исламски науки и познавач на арапката книжевност. Тој зад себе остави богата библиотека со околу 6,000 единици кои неговата сопруга, во почетокот на оваа година, ги подари на Гази Хусрев-беговата библиотека.
Гази Хусрев-беговата библиотека е основана на 8-ми јануари 1573 година и е една од најзначајните установи од тој тип на Балканот. Оваа особено богата установа моментално има околу 100.000 библиотекарски единици во кои спаѓаат ракописи, книги, различни документи и списанија. Овие единици се напишани на арапски, персиски, босански и уште неколку европски јазици.
Библиотеката во текот на својата богата историја неколкупати ја смени локацијата во Сараево, а од 5-ти јануари 2014 година се наоѓа во новата зграда во Баш-чаршија, во чија изградба помогна Катар. Со изградбата на новата зграда, библиотеката се врати во својот дом, таму каде што е и основана, во комплексот на Гази-Хусрев-беговиот вакуф.