спорт, култура и уметност

Во Брисел отворена изложба по повод јубилејната 10-годишнина на „Istanbul Photo Awards“

„Овие фотографии предизвикуваат различни емоции во нас и тешко е да ги контролираме нашите чувства“

Selen Valente Rasquinho  | 04.11.2024 - Обновена : 04.11.2024
Во Брисел отворена изложба по повод јубилејната 10-годишнина на „Istanbul Photo Awards“ Фото: Dursun Aydemir/AA

БРИСЕЛ (АА) – „Istanbul Photo Awards“, меѓународен натпревар за новинска фотографија организиран од Анадолу, денес во Брисел ја отвори својата трета изложба од јубилејната 10-годишнина од натпреварот, јавува Анадолу.

На изложбата, одржана во „СР Галерија“, прикажани се наградените дела од овогодинешниот конкурс.

Селекцијата фотографии прикажува влијателни моменти од целиот свет, меѓу кои тековните напади на Израел во Палестина, разорниот земјотрес во Туркије, мексиканските криминални картели, авганистанските бегалски кампови, загадувањето со пластика во Нигерија и слоновите кои живеат во живеалишта полни со отпад во Шри Ланка. На изложбата прикажани се и фотографии од светските првенства во пливање во Јапонија, од Вимблдон, социјалната дискриминација во Индија и смртните случаи на мигранти во шпанските води.

„Istanbul Photo Awards“ доби над 20.000 апликации оваа година. Фотографиите беа оценети во категориите Вести, Спорт, Животна средина, Портрет и Секојдневен живот, при што беа земени предвид и поединечните и серија фотографии. Наградени беа вкупно 32 фотографи во 10 категории.

- „Многу тажно, но во истовреме и исклучително убаво“ -

Изложбата, која ќе трае до 18 ноември, привлече значително внимание од самиот почеток.

Октавијан Лазар, менаџер на хотел кој е во посета на Брисел од Букурешт, Романија, рече дека ја посетиле изложбата заедно со неговата сопруга, која е сликарка, и дека делата се длабоко трогателни. „Излеговме многу импресионирани од сè, со уметноста на ѕидовите овде“, изјави Лазар за Анадолу.

„Неверојатни се. Одлични слики. Некои од темите се многу тажни. Видов слики поврзани со војни, а исто така и со природата, која ја уништуваат луѓето. Многу тажно, но во исто време и исклучително убаво“.

Мелиха Јешилот, координатор за образование во канцеларијата на турската фондација Маариф во Брисел, за фотографиите рече дека се „постојани сведоци на глобалните настани“.

Јешилот истакна дека фотографијата на палестинскиот фотограф Мухамед Салем во која Палестинка го прегрнува телото на својата петгодишна внука, исто така избрана за фотографија на годината, била за неа особено емотивна.

„Овие фотографии предизвикуваат различни емоции во нас и тешко е да ги контролираме нашите чувства“, рече Јешилот.

Натпреварот оваа година беше поддржан од Турксел како комуникациски спонзор, Сони како спонзор на наградата, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) како меѓународен спонзор на настанот и Туркиш ерлајнс (THY) како авиокомпанија – спонзор.

Детали за наградените фотографии се достапни на istanbulphotoawards.com.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.