Една од најголемите цветни градини во светот „Којкенхоф“ отворена 76. пат
- Овој спектакуларен парк, кој се наоѓа во холандскиот град Лисе, привлекува љубители на природата и фотографи од целиот свет.
СКОПЈЕ (АА) - Една од најголемите цветни градини во светот, „Којкенхоф“, позната и како „Градината на Европа“, ги отвори вратите за посетителите 76. пат, јавува Анадолу.
И годинава овој спектакуларен парк, кој се наоѓа во холандскиот град Лисе, привлекува љубители на природата и фотографи од целиот свет.
За новата сезона четириесет градинари засадија дури седум милиони цвеќиња, а најголем број се лалиња, повеќе од 1.600 различни сорти.
„Којкенхоф“ не е само место за уживање во шаренилото на цвеќињата туку нуди и релаксирачка прошетка по пешачка патека долга 15 километри што минува низ уредени градини.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
