Besar Ademi
10 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Од денес, па до 12 јуни во Градски парк во Скопје, започна четвртото издание на фестивалот "Скопје стрит фестивал", каде на шест отворени подиуми на креативнатата и урбаната култура, ќе настапат улични уметници од градот, како и гости и од регионот, јавува Anadolu Agency (АА).
Деспина Козаровска, која еден од организаторите на настанот рече дека програмата на фестивалот секоја година се збогатува со нови содржини и додаде дека минатата година на фестивалот учествуваа повеќе од 8 илјади граѓани, а оваа година се очекува тој број да се зголеми.
„Фестивалот е отворен за сите, вклучувајќи ги и младите луѓе. Секој може да биде дел од него. Оваа година ние, исто така, сме многу посветени на мултикултурализмот, бидејќи претходно имавме гости од Албанија, Косово и Србија ", рече Козаровска.
Скопје Стрит Фестивал се одржува од 2013-та година. Секоја година, над 100 урбани артисти имаат можност да ја изразат својата креативна мисла во неколку простори. Оваа година фестивалот беше добитник и на две престижни меѓународни награди на Eventex-Global Event Awards во Софија, Бугарија, две втори места за најдобар културен настан и најдобар фестивал.