Musa Alcan
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Париз, главниот град на Франција, за љубителите на уметноста, ќе биде отворена изложба под наслов “Изложбата на цртежи преточени во слики на Султан Абдулазис”, во организација на Меѓународното здружение за култура и уметност (МЗКУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на МЗКУ, делата на Султан Абдулазис ќе бидат изложени во галеријата Фредерик-Моасен. Изложбата чија организација е поддржана од страна на Владиниот Фонд за Промоција и Институтот Јунуз Емре, на 26 април ќе биде отворена со присуството на Амбасадорот на Република Турција во Париз, Хакки Акил.
- Последната изложба е закажана во Лондон
Цртежите од работната тетратка која Султан Абдулазиз му ја подарил на дворскиот сликар С. Члебовски, за прв пат 2013 година биле изложени во Уметничката Галерија Долмабахче во Истанбул. По оваа изложба, со која беше претставен дотогаш непознатиот талент на владетелот, изложбата ќе биде претставена во три европски града, кои Султан Абдулазиз официјално ги посетил.
Првата изложба за љубителите на уметноста беше отворена во Виена, и по Париз, од 18 мај изложбата изложбата ќе биде претставена во Лондон.
“Изложбa на цртежи преточени во слики на Султан Абдулазиз”, ќе биде отворена за посетителите до 7 мај во галеријата Фредерик-Моасен во Париз.