Medin Halilovic
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
НОВИ ПАЗАР (AA) - Со низа културни, спортски и забавни манифестации во Нови Пазар вчера е одбележан Денот на градот и 555-та годишнина од основањето. За јубилејниот роденден на Нови Пазар пред повеќе илјади граѓани одржан е концерт на естрадните sвезди Ана Бекута и Северина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на денот одржана е „Ревија на спортови“ кога за одбележување 555 роденден на градот на Рашка приреден е Олимписки пламен низ центарот на градот.
Пламенот го носеа асовите на Санџак, фрлач на кугла од Сјеница Асмир Колашинац и атлетичарката Амела Терзиќ. Тие двајца симболично го предадоа пламенот на младите и успешни тенисери Хамад Меѓедовиќ и Фатима Идризовиќ.
- Доделување на Плакетите на градот -
По повод 555 годишнина од основањето на Нови Пазар на свечена академија за 11 заслужни граѓани доделени се Плакети на градот. Помеѓу добитниците на наградите се и младиот научник во областа на матичните ќелии Јасмин Нурковиќ, светскиот првак во бокс Муамер Хукиќ (Марко Хук), бизнисмените Неџад Драголовчанин и Музафер Ѓунеш од Турција, претседател на Здружението на санџачките Бошњаци во Босна и Херцеговина Екрем Лекиќ.
На свеченоста каде покрај претставниците на локалните претставници присуствуваа и претставници на државните институции на Србија од Белград, амбасадорите на Кувајт и Пакистан, братските општини од регионот и Турција порачано е дека Нови Пазар станува се помодерен и европски град.
Градоначалникот на Нови Пазар Мехо Махмутовиќ истакна дека денес е направен "нов Нови Пазар", како град на младите, успешни, спортисти, бинисмени ...град со кој сите можат да се гордеат.
- Беше еден од поголемите градови на Балканот-
Основачот на Нови Пазар, кој е основач на Скопје и Сараево е турскиот војсководец Иса-бег Исаковиќ. Иако како официјален датум 20 април 1461 година се зема како официјален за основање на градот бидејќи во историските документи се спомнува дека Малиот совет на Дубровачка Репѕблика на 20 април пред 555 години одлучи да именува свои два конзули историчарите сметаат дена Нови Пазар е основан порано и бил еден од најважните градови на патот од Дубровник до Истанбул.
Според официјални податоци во римскиот период Нови Пазар се наоѓаше на важни римски комуникации на Балканот и беше познат како Статио Асиное. Поради своето исклучително географско влијание, Нови Пазар имаше посебно географско значење, припаѓаше на Зета, Византија, Унгарија, Босна, Австроунгарија, Турција а во Втората светска војна на Германија. Низ него поминувале славни освојувачи, византискиот цар Манојло Комнен 1149 година, кога во својот поход на големиот рашки жупан Урош II го зазеде Рас и султанот Мехмед Фатих II 1459 година во својот поход на Босна.
Во средниот век стана престолнина на Немањиќката држава Рашка а од 15 па се до почетокот на 20 век, беше седиште на Отоманскиот Новопазарски Санџак и накратко Новопазарски Вилајет.
Нови Пазар доживеа свој подем 1468 година, кога доби статус на шехер (град) и беше еден од најголемите градови на Балканот. Со официјален декрет го основаше Иса Бег Исаковиќ како Јени Базар. Првиот пишан документ кој го спомнува само името Нови Пазар е одлуката на Малиот Совет на Дубровачката Република од 1461 година со која је упатен дубровачкиот конзул во Нови Пазар.
Од 19 век Нови Пазар влегува во сите светски енциклопедии како синоним за Санџак, кога 1878 година целиот регион доби статус "corpus separatum" и ставена е под меѓународен проректорат како Новопазарски Санџак.
Нови Пазар денес брои преку 130.000 жители и важи за најголем град на санџачкиот регион.