???? ??????????
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ОХРИД (АА) - Неколку илјади туристи од Македонија и соседните држави го проследија чинот на фрлањето на крстот во водите на Охридското езеро, најстарото езеро во Европа Прв до крстот од вкупно 500 капачи доплива 26 годишниот Петар Рупески од стариот дел на Охрид, кој трет пат го фаќа крстот, јавува Anadolu Agency (AA).
Хотелиерите и угостителите во Балканскиот Еураслим како што многуминиа го нарекуваат Охрид за празникот Богојавление Водоци ги намалија цените на своите услуги за 30%, што беше причина поголем дел од хотелските капацитети во градот да бидат исполнети.
Ниската температура на водата која во моментот на фрлањето на крстот изнесуваше 6 степени целизусови и температурата на воздухот која беше -8 степени направија медиоцинските тимови и екипите на Црвениот крст од Охрид да имаат полни раце работа. Како што информира Сашо Точков претседател на Црвен крст имале десеттина интерценции од кои поголемиот дел биле поради премрзнување односно хипертермија, а неколку случаи биле на колабрирање.
Годинава организатор на манифестацијата беше Општина Охрид и МПЦ-Охридска Архиепископија откако пред два месеци од организацијата се откажа Здружението Богојавление Водоци кои неколку годинипо ред го организираа целиот настан. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески рече дека Охрид има најдолга традиција на одбележување на овој ден.
“Од она што како честитики ни го упатија граѓаните сметам дека ова беше една од најдобрите, а можеби и најубава организација на празникот Богојавление Водици кој во една прекрасна атмосфера и ведро расположение го празнуваа сите граѓани кои дојдоа на градското пристаниште во Охрид“, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Фаќачот на крстот доби бројни подароци, а од општина икона. Традиција во Охрид е најсреќниот фаќач заедно со неговото друштво да посети повеќе охридски семејства во текот на денот. Во Струга крстот се фрлаше од чаршискиот мост на реката Црни Дрим.