Fatjon Cuka
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Општина Поградец и општините Струга и Охрид потпишаа меморандум за соработка во Висмар, Германија за зајакнување на соработката во областа на туризмот, заштитата на животната средина и користење на сите ресурси на Охридското Езеро, земајќи ги во предвид германскиот модел, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Општина Поградец, Едвард Капри, неговата колега на Струга, Зијадин Села и претставници на општина Охрид беа дел од настанот што се одржа во Висмар, Германија. Во официјалното соопштение на Општина Поградец се вели дека Меморандумот потпишан за прв пат ќе биде проследено со поширок договор за соработка помеѓу овие три институции во месецот март.
Според меморандумот, Општината Поградец и Општините на Струга и Охрид, ќе се вклучат во заеднички проекти за поттикнување на туризмот и размена помеѓу нив.
Градоначалникот на Поградец, Капри Едвард изјави дека меморандумот како поддршка ќе го има германскиот модел
"Верувам дека овој процес ќе биде завршен успешно гледајќи го како конкретна можност за размена меѓу нашите институции, особено за туризам" ,рече Капри.
Градоначалникот на Поградец се сретна и со градоначалникот на Висмар, Томас Беуер, каде што разговараа за билатералната соработка, особено финализирањето на збратимувањето меѓу двете општини.
Градоначаникот Капри одржа средби со неколку германски инвеститори кои ги покани да го посетат Поградец и да се започнат инвестициските проекти, особено во областа на туризмот. Општина Висмар е еден од најстарите градови во Германија и е под заштита на УНЕСКО.