Aldıjana Hadzıc
20 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
ЊУ ДЕЛХИ (AA) - Индијците веќе неколку дена по ред со низа активности го одбележуваат "Lath mar Holi", кој во индиските градови како што се Нандгаон Вриндавану, во сојузната држава Утар Прадеш, се одбележува неколку дена пред пролетниот фестивал на бои, кој на локалните јазици се нарекува "Холи", јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници индијанци на нивен својствен начин, со добра збава, игра и музика започнаа одбележување на традиционалниот фестивал на бои.
Времето на одбележување на Холи во Индија се одбележува кон крајот на зимата. Во вечерта на Холи се пали оган за да би се уништиле злите духови. Тој обред е познат како "Холика Дахан".
Најпознато обележје на фестивалот е фрлање на обоен прав на присутните. Фрлањето на прав е интересно и за возрасните, но и за децата.
Еден од ритуалите на Холи е разбивање на ќуповите, во кои се наоѓа бојата на поставените градски улици ширум Индија.
Токму поради тоа што сите добро се забавуваат и се зближуваат едни со други, овој фестивал често се нарекува и Фестивал на ширење на љубовта.
Се организираат и различни "водени војни", а "муницијата" е обоената вода.
Оваа година Пролетниот фестивал ќе се одбележи на 24 март.