Bekir Bektaş
21 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Во Анталија вчера започна 10-от Интернационален фестивал на песочни скулптури, јавува Anadolu Agency (AA).
Темата на овогодинешниот фестивал е „14-те светски чуда и митологија“.
На плажата Лара 26 уметници од 12 земји претставија над 100 скулптури изработени од над десет тони песок.
На изложбата се претставени и скулптури на седумте светски чуда избрани од страна на УНЕСКО.
Посетителите можат да го видат Колосеумот, древниот град Петра, Кинескиот ѕид, Мачу Пикчу како и скулптурите на божествата на различните митологии.
Директорот на фестивалот Џем Караџа за АА рече дека ова е еден од најголемите и најстари фестивали на песочни скулптури во светот кој сега веќе традиционално се одржува.
„Граѓаните и туристите имаат можност да се сретнат со многу квалитетна активност во забава средина. Можат да се видат гигантски скулптури од песок мешани со вода", вели Караџа, додавајќи дека е решено изложбата да биде отворена 12 месеци.
Караџа рече дека светот нема друга изложба на скулптури од песок што може да се посети 12 месеци.
"Пред тоа скулптурите би траеле 2-3 месеци, но уметниците во последниве години развија техника со која ќе се изработуваат скулптури ќе бидат поотпорни на временските услови. Не е мал бројот на посетители кои носејќи чадори доаѓаат да ја посетат изложбата во дождливите денови", рече Караџа.
Покрај тоа, посетителите може да го погледнат и документарниот филм кој говори за начинот и техниката на изработка на скулптурите.