Ekipa
28 Март 2022•Ажурирај: 29 Март 2022
ХЈУСТОН (АА) - И покрај насилниот момент на доделувањето на наградите „Оскари“ 2022 кога победникот на категоријата „Најдобар актер“ Вил Смит го удри комичарот Крис Рок, тоа беше историска ноќ на синоќешните Оскари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Аријана Дебоуз го освои Оскарот во категоријата најдобра споредна женска улога во римејкот на Стивен Спилберг на „Приказна од Западната страна“, за нејзината улога како Анита.
„Што е ова?“ рече Де. „Сега гледате зошто Анита сака да биде во Америка, затоа што дури и во овој уморен свет во кој живееме, соништата се исполнуваат“.
Дебоуз ја освои наградата точно 60 години откако Рита Морено освои Оскар за најдобра женска споредна улога, во истата улога на оргиналната приказна на „Приказна од Западната страна“.
Трој Коцур стана првиот машки актер со попречен слух која ја освои наградата Оскар за најдобра машка споредна улога за улога во „КОДА“, филм за тинејџерка која е единствениот член од семејството која слуша и која учи да се поврзе со своите глуви родители и брат преку пеењето.
„Ова е посветено на заедницата на глуви, на КОДА заедницата и на заедницата со посебни потреби. Ова е нашиот момент“, рече Коцур. „Јас навистина сакам да се заблагодарам на сите театарски сцени за глуви каде ми беше дозволено и ми беше дадена можноста да го развијам мојот занает како актер“.
Марли Матлин, сопругата на Коцур во филмот, стана првата актерка со попреченост во слухот која освои Оскар во 1987 година.
КОДА исто така ја однесе главната награда на вечерта, освојувајќи ја наградата Оскар за најдобар филм во преполното поле за номинација од десет филмови.
Покрај тоа, Сиан Хедер, која ја напиша и режираше КОДА освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот.
„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соработници во заедницата на глувите, во КОДА заедницата, што беа мои учители“, рече таа.
Џесика Честејн го освои својот прв Оскар за најдобра актерка за нејзината улога на телеевангелистката Тами Феј Меснер во биографскиот филм „Очите на Тами Феј“.
„Ние се соочивме со дискриминаторски закони во нашата земја со единствена цел дополнително да нè поделат“, рече Честејн, „и во вакви времиња, мислам на Тами и инспирирана сум од нејзините радикални дејствија на љубов“.
Смит си замина дома со Оскар за најдобар актер откако го удри комичарот Крис Рок претходно на доделувањето на наградите.
„Ричард Вилијамс беше жесток бранител на своето семејство“, рече Смит. „Уметноста го имитира животот. Изгледам како лудиот татко... исто како што рекоа за Ричард Вилијамс“.