?????? ?????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во соработка со турската Федерацијата на готвачи (TASFED) организираше прес-конференција по повод петденовниот проект “Македонија домаќин на елитата на турската гастрономија и угостителство” , јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа прес-конференција присуствуваа Деканот на факултетот за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент Сашко Граматниковски, автор на телевизиската програма “Вкусот на традицијата” Адријана Алачки и директорот на турската Федерација на готвачи Јалчин Манав, заедно со готвачите од Турција, академици, студенти и поканетите гости.
Деканот на факултетот за туризам, Доц. Д-р Сашко Граматниковски рече дека овој проект организиран со гостите од Турција ќе придонесе за продлабочување на соработката и приближување на културите на овие две земји.
Граматиковски соопшти дека креативноста на Адријана Алачки за заштита и промоција на македонската традиција ги ориентираше на ваква соработка.
"Краативноста на Алачки и нашата етаблираност овозможи денеска македонската традиција да биде важен дел од Светската организација за туризам и соодветни кујни” рече Граматниковски. Тој смета дека студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент со години одат на пракса во различни земји од светот а посебно во Турција.
“Нашите студенти во Турција се едуцираат за професионалност во нивните професии. Тие имаат многу да научат од Турција” , додаде Граматниковски.
Тој се надева дека посетата на TASFED во Македонија ќе придонесе за нова соработка помеѓу овие две земји, истакнувајќи: "Нашата куќа е и Ваша куќа". Директорот на турската федерација за готвачи Јалчин Манав го изрази своето задоволство за посетата во Македонија и ги поздрави присутните гости од двете “братски земји”.
Граматниковски кажа дека целта на овој проект е проширување на соработката помеѓу овие две земји. Манав рече дека скоро три месеци соработувале со Адријана Алачки. “Ова е моја втора посета во Скопје. Минатиот пат го посетив и Охрид. И овој пат ќе одиме таму. Среќен сум што сум тука” , рече Манав.
Проектот кој е поддржан од страна на многу турски компании и институции во Република Македонија, како што се Халк банка, Турскиот културен центар Јунус Емре, ТАВ, ќе се одржи од 11 до 16 ноември