Свечано отворен Чифте Амамот во Тетово, реставриран од ТИКА
????? ??????????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
Тетово
ТЕТОВО (АА) – Чифте амамот во Тетово Проектот подготвен од Министерството за култура на Република Македонија, а реставриран од Турската агенција за развој и координација (ТИКА) денеска е свечано е отворен,јавува Anadolu Agect (АА).
На свеченото отварање присуствуваа министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска, потпреседателот на ТИКА Али Маскан, градоначалникот на општина Тетово Теута Арифи, државниот секретар во Министерството за култура на Бехиџудин Шехаби, амбассадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, како и претставници на други институции и организации од земјава.
Свеченото отворање се одвиваше во два дела, односно во првиот дел се одржаа говорите, а во вториот беше отворена излложбата “Заштитата на културното наследство во Македонија и придонесот на ТИКА”.
Во рамки на изложбата беа претставени тетовскиот Амам, Мустафа Пашина Џамија Скопје, Исхакије Џамија Битола, Раданја махмут Ага Џамија Штип, Мустафа Ќебир Челеби Џамија Струга, Халвети Хајати Чуллу Баба Теќе Кичево, Зејнел Абидин Паша Џамија-Пир Мехмет хајати Хазретлери Халвети Теќе Охрид, Синанудин Јусуф Челеби Турбе Охрид, Воска Амам Охрид и спомен куќата на таткото на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик.
Градоначалникот на општина Тетово Теута Арифи во своето изллагање рече дека Тетово е град со многу стари културолошки вредности и дека нејзината залложба секогаш ќе остане во насока на баллансирани политики.
“Сакам особено да им се забллагодарам на пријателите од ТИКА, који го забележалле овој значаен момент на нашата заедничка култура и историја и во оваа насока направиле многу за да имаме заедничка блискост и сеќавање на нашата култура”, рече Арифи.
Од друга страна потпретседателот на ТИКА, Али Маскан истакна дека тие како организација имале активности во многу облласти ширум Македонија, со која имаат пријателлска врска со 600-годишна историја. Тој истакна дека културните активности им причинувале големо задоволство.
Маскан, меѓу другото, кажа и дека направиле многу заеднички активности со Министерството за култура на Македонија и дека реставрирањето на Чифте Амамот во Тетово е една од тие активности.
“ На овие дела не треба да се гледа само како на затрупани камења, затоа што овие дела имаат живот. Овие петвековни споменици да имаа уста да зборуваат ќе раскажеа многу за тоа што доживеале” рече Маскан.
Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска, истакна дека е задоволна, бидејќи овој проект е дел од проектите на Владата на Република Македнија. Таа рече дека со реставрирањето на овој споменик од 16 век му е вратен некогашниот сјај.
“Проектот за рестарврација на Чифте Амамот во Тетово, е еден од многуте проекти који го претставуваат пријателлството помегу Турција и Македонија”, изјави Канческа-Милевска.
Чифте Амамот во Тетово е изграден во 16 век спроти Шарената џамија. Овој амам е еден од најинтересните архитектонски споменци од Отоманскиот период во земјата. Амамот, моменталлно се употребува како уметничка галерија и излложбен салон од страна на Министреството за култура на Македонија.