Abdullah Özkul
09 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
Во склоп на 9. Меѓународна комеморативната церемонија која се одржува во Коња беа доделени награди за учесниците на натпревар по фотографија под наслов „Светски вери“ и „Оџаци“ по што беше отворена иизложба, јавува Anadolu Agency (AA).
КОНJА (АА) – По повод 742 догишнина од смртта на Мевљана, Дирекцијата за култура и туризам од Коња ја отвори изложбата на 9-иот Меѓународен натпревар по фотографија под наслов „Светски вери и оџаци“ и ги додели наградите.
Оваа година фотографите се натпреваруваа во две категории, „Светски вери“ и „Оџаци“. Во категоријата „Светски вери“ учествуваа 177 натпреварувач од 15 земји со 647 фотографии, а во категоријата „Оџаци“, 81 натпреварувач од 9 земји со 266 фотографии.
Регионалниот директор на Дирекцијата за култура и туризам, Мустава Чипан, на церемонијата која што се одржа во културниот центар Мевљана, во салонот Султан Велед, рече дека по 9-ти пат се одржува Меѓународниот натпревар во фотографија за Светските вери.
Чипан рече дека овој натпревар со текот на времето создал сопствен идентитет, и продолжи велејќи:
„Сакаме да посочиме дека во овој салон уметниците од било кој дел на светот да доаѓаат и од било која вера да се, со поднасловите на своите уметнички фотографии, созддаваат логичка поврзаноста во низа. Желба ни е ова да им го презентираме на љубителите на уметноста и во форма на албум да го доставиме до 600 места во светот како еден историски запис.“
Директорот Чипан рече дека земале бронзен медал за 5-годишно организирање, дека сакаат да добијат сребрен медал за 10 годишно организирање и дека цел им е златен медал за 15 годишно организирање.
По одржаните говори, членовите на протоколот ги поделија наградите по категории.
По доделуањето на наградите во салонот на Културниот изложбен салон Мевљана беа отворени и 35 изложбени и информациони штандови на поединци, институции и организации. Овиа изложба ќе може да се посети од 7 – 17 декември.