Vesna Besiç
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
СЕУЛ (АА) - Музејот на скулптури од мраз во јужнокорејската престолнина Сеул претставува необична и несекојдневна глетка каде што посетителите на -10 Целзиусови степени имаат можност да видат различни скулптури коишто порано можеле да се видат само изработени од глина или од дрво, јавува Anadolu Agency (AA).
По високите надворешни температури, музејот со скулптури го посетуваат оние на кои не им пречи температура под нулата.
Може да се видат дедо мразовци, целосна дневна соба со мебел, вовчиња, панди, спална соба. Многу е тешко да се изрезба и да се направи нешто од мраз. Сепак, овие луѓе овде, тоа го прават многу добро.
Објективот на фоторепортерот на АА ја фотографираше атмосферата во музејот од мраз.