Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ГАЗА (АА) – Палестинските ликовни уметнички, со слики ќе ги пречекаат жените активистки кои доаѓаат со бродови што се дел од „Коалицијата на флотата за слобода“, со цел да ја пробијат блокадата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот наречен ’Сликаме за слобода: Маслинка на Надеж’, кој е организиран од страна на Ателјето за ликовни уметности и Организацијата за помош со женски бродови, учествуваат голем број на палестински жени уметници.
Одговорната ликовна уметничка на настанот, кој се организира на пристаништето во Газа, Раша Ебу Зијад, рече дека сакаат да ги пречекаат жените што патуваат со два брода, „Амал“ (надеж) и „Зајтоуна“ (маслинка), со цел да ја пробијат блокадата кон Газа.
Ебу Зајид изјави дека за подобро да ја изрази својата благодарност на флотата составена само од жени, овој пат на овој настан присуствуваат само жени.
Палестинските жени сликајќи гулаби и маслинови гранчиња, ги насликаа слободата и мирот, додека пак на други слики тие ја прикажуваат 10-годишната блокада на Газа со симболи како ѕидови, кафези и синџири.
Бродот „Амал“, кој тргна од Шпанија на 14 септември, поради технички причини се врати во Барселона. Бродот „Зајтоуна“ претходниот ден продолжил сам до претпоследната станица – островот Сицилија, а подоцна го продолжи патувањето заедно со друг брод кој ѝ се придружи на флотата и го напушти островот.
„Коалицијата на флотата за слобода“, која има поддршка од граѓанските организации од Турција, Канада, Мексико, Шпанија, Норвешка, САД, Австралија и од други места, има за цел да стигне до Газа со т.н. ’женска сила’, спротивставувајќи им се на израелските војници кои ги спречија во претходните обиди.
Се очекува флотата да пристигне во Газа во првата седмица од октомври.