Rauf Maltaş
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ШАНЛИУРФА (АА) - Ѓобеклитепе, најстариот храм во светот, кој се наоѓа во близина на турскиот југоисточен град Шанлиурфа, стана омилена дестинација на туристите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓобеклитепе е на привремената листа на светско наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) од 2011 година. Откриен е во 1963 година кога истражувачите од универзитетите во Истанбул и Чикаго работеле на локацијата.
Во изјава за Агенција Анадолија (АА), градоначалникот на градската општина Шанлиурфа, Зејнел Абидин Бејазѓул, рече: „Шанлиурфа е град на историјата, археологијата и туризмот. Тоа што Ѓобеклитепе е на листата на светското наследство на УНЕСКО придонесе Шанлиурфа да биде една од најпознатите места во светот.“
Тој рече дека Ѓобеклитепе е една од дестинациите во Шанлиурфа што домашните и странските туристи најмногу сакаат да ја истражат.
„Шанлиурфа во наредниот период ќе постави нови рекорди во однос на приемот на домашни и странски туристи“, рече тој.

Истакнувајќи дека археолошкиот локалитет привлекол поголемо внимание откако бил вклучен на списокот на светско наследство на УНЕСКО пред три години, Бејазѓул рече дека бројот на посетители од странство се зголемува секоја година поради мистеријата и тајните кои чекаат да бидат откриени во Ѓобеклитепе, опишано како „нулта точка во времето“.
„Шанлиурфа, која е речиси музеј на отворено, продолжува да биде центар за привлекување домашни и странски туристи со својата кујна, културни вредности и музика, како и со својата античка историја“, додаде тој.
Муслум Чобан, шеф на Регионалната комора на туристички водичи во Шанлиурфа, за АА изјави дека околу 500.000 луѓе ја посетиле Шанлиурфа во првите девет месеци од оваа година.
„Предвидуваме дека бројот на посетители ќе достигне милиони многу брзо по завршувањето на пандемијата на коронавирусот“, рече тој.
Додаде дека откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи 2019 година за „Година на Ѓобеклитепе“, бројот на посетители на локацијата значително се зголемила.
Чобан нагласи дека иако Шанлиурфа и Ѓобеклитепе не биле домаќини на очекуваниот број посетители во 2020 година поради пандемијата, со напорите за нормализирање, Ѓобеклитепе сè повеќе го привлекува вниманието на туристите.
Рахиме Јашар, заменик-претседателката на Здружението за развој на туризмот на Шанлиурфа, рече: „Ѓобеклитепе, особено за време на пандемијата, е едно од ретките места што може да им даде на посетителите свеж воздух со својата природа и историја“.
„Имаме три места на листата на светско наследство на УНЕСКО од нашиот регион, вклучувајќи го и Ѓобеклитепе. Покрај тоа, седум други места се на привремената листа“, рече таа.
Таа рече дека Ѓобеклитепе е секогаш во првите редови како најважна дестинација за туристите.