Ekipa
17 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
ДУБАИ (АА) - Турска трговска делегација одржа разговори со претставници на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за начините за зајакнување на трговската соработка помеѓу овие две држави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Разговорите, што беа одржани од страна на државниот министер за надворешна трговија на ОАЕ, Тани бин Ахмед ал-Зејуди, и од Тефик Оз, шефот на ТР-ОАЕ бизнис-советот, беа реализирани во рамките на Експо 2020 во Дубаи“, објави државната новинска агенција на ОАЕ (WAM).
Двете страни дискутирале за економските планови од заеднички интерес и се согласиле за практичните чекори што ќе изградат размена на трговија и економска соработка помеѓу двете држави.
Претставникот од Емиратите ја информираше турската делегација за економската средина и либерализацијата на инвестициите во заливската земја, што овозможува странска сопственост на компаниите, со неколку исклучоци на економски активности кои имаат стратегиско влијание врз државата.
Во август, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се сретна со советникот за национална безбедност на ОАЕ, Шеик Тахун бин Зајед ал-Нахјан, за да разговараат за инвестициите на ОАЕ во Турција.
По состанокот, Ердоган истакна дека ОАЕ се сериозни во однос на плановите за големи инвестиции во Турција.
Трговската размена на стоки и услуги надвор од нафтениот сектор покажа пораст од 21 процент во последната година со 8,9 милијарди долари, во споредба со 7,3 милијарди долари реализирани во 2019 година.