Admir Fazlagic
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Од 27-30 мај во Скопје ќе се одржи 15-то јубилејно издание на интернационалниот музички фестивал „Оф-фест“ за кој на денешната прес-конфенреција организаторите најавија дека ќе биде со квалитетна содржина, при што ќе бидат претставени музичари од различни земји од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за овогодинешното 15-то јубилејно издание на „Оф-фест“ директорот на овој фестивал, Оливер Белопета изјави дека Оф-фест и годинава ќе се обиде да го зачува концептот да биде различен од другите фестивали и да донесе музика од целиот свет.
„Ако погледнеме наназад списокот на сите имиња кои гостувале во изминативе 15 години е навистина импресивен со тоа што и понатаму го зачувуваме тој концепт да Оф-фест биде нешто друго од Скопскиот Џез фестивал и да донесува музика од целиот свет, која во процесот на глобализацијата е многу важна, и во тој процес, во последните 20-30 години, целиот свет, особено Европа и САД открија прекрасна музика која доаѓа од сите контитенти", рече Белопета, објаснувајќи дека поголемиот дел од музичарите кои ќе настапат на фестивалот се малку познати за македонската публика, бидејќи карактерот на фестивалот, како што рече, пред се е едукативен.
Јубилејното 15-то издание на „Оф-фест“ нуди четири фестивалски денови, при што, првиот ден започнува со соло настапот на интернационално славната чешка виолинистка и пејачка Ива Битова, во Кино Фросина во петок на 27 мај. Истата вечер, во 22:30 часот, во Метрополис арената на Скопски саем ќе настапи францускиот бенд "St Germanin", додека сабота е резервирана за Сол Вилијамс од Лос Анџелес, кој како што најавија организаторите се смета за моќен глас на хип-хоп генералцијата како поет, актер, рапер, пејач, писател и музичар. Тој ќе настапи во МКЦ Дансинг салата, со почеток од 20:30 часот.
Батида е сценското име за Педро Кокенао, радио, видео и музички продуцент, кој е роден во Ангола а изразнат во предградијата на Лисабон. Специфично за него е што тој , комбинира песни од 1970-те години со модерни електронски денс влијанија. Својот настап во Скопје, Батида ќе го има во МКЦ Дансинг салата со почеток од 22:30 часот.
Наредниот ден, најавија организаторите, е предвиден за Пет Томас, најпознатиот претставник на т,н кајлајф музика, во 60-70 години носечки музички стил во Африка, додека последниот ден од овогодинешниот Оф-фест е резервиран за бразиллска пејачка и гитаристка Бади Асад (МКЦ Дансинг сала,20:30) и за "Canzoniere Salentino", музичка група од италијанскиот јужен регион кои ќе се претстават по настапот на Бади Асад.
„Ја сочувуваме традицијата на прикажување на документарни филмови кои имаат допирни точки со фестивалот, пред концертот на Пет Томас, екслузивно ќе биде прикажан документарниот филм 'Who is highlife' за музичка сцена во Гана", рече Белопета зборувајќи за содржината на фестивалот.
„Оф-фест“ е дел од Европскиот Форум на светските музички фестивали. Инаку, фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.