култура и уметност

Пагански ритуали реконструирани на Фестивалот на маски Кукерландија во Бугарија

- Бидејќи слични традиции покрај во Бугарија, постојат и во некои други земји, како Северна Македонија, Романија, Молдавија, Грција, Италија и Словенија, на овогодинешниот фестивал Кукерландија се поканети и маскирани групи од странство.

Ihvan Radoykov  | 01.03.2025 - Обновена : 03.03.2025
Пагански ритуали реконструирани на Фестивалот на маски Кукерландија во Бугарија Фото: Озѓун Тиран / АА

СОФИЈА (АА) - Древните пагански традиции беа оживеани на фестивалот Фестивалот на маски Кукерландија што се одржа во источниот бугарски град Јамбол, известува Анадолу.

Фестивалот, кој традиционално се одржува во Јамбол на крајот на зимата и почетокот на пролетта, го слави будењето на природата.

За време на фестивалот, каде изведувачите носат застрашувачки маски направени од природни материјали, се верува дека бучавата од ѕвоната поставени на нив, ја буди природата и ги брка злите духови.

Се смета дека фестивалот ги оживува паганските традиции од периодот кога древните Тракијци живееле на територијата на денешна Бугарија.

Бидејќи слични традиции покрај во Бугарија, постојат и во некои други земји, како Северна Македонија, Романија, Молдавија, Грција, Италија и Словенија, на овогодинешниот фестивал Кукерландија се поканети и маскирани групи од странство.

Групите, кои ги покажаа своите вештини на рачно изработени маски наречени „кукер“ и ѕвона што ги носеа на себе, го привлекоа вниманието облеката што ја носеа и со звуците што ги произведуваа со ѕвоната на себе, претставувајќи ги древните тракиски воини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.