Admir Fazlagic
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи Никола Попоски денес учествуваше на Министерски состанок на државите од Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ) во Правец, Република Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Заедно ги наласивме економската соработка, инфрастуктурното и енергетското поврзување. Истовремено, констатиравме дека е крајно време регионот да го остави минатото и да се сврти кон заедничката европска иднина. Во таа насока, се согласивме дека отворените прашања во регионот можеме да ги решаваме единствено низ отворен дијалог и поголема поврзаност преку границите во регионот. Истото ќе отвора нова соработка меѓу државите и е пред се македонски интерес. Затоа, со сигурност ќе работиме во оваа насока“, повлече министерот Попоски.
За време на состанокот, министрите го поддржаа текстот на Декларацијата по повод 20-годишнината од воспоставувањето на Процесот, која ќе биде усвоена на Самитот на шефовите на држави и влади, што ќе се одржи утре во Софија, со што практично се заокружува претседавањето на Република Бугарија со Процесот.