ИСТАНБУЛ (АА) - Според информациите до кои стигна Anadolu Agency (AA), турските серии привлекуваат внимание во Русија, Кина, Кореја, Латинска Америка и се гледани од повеќе од 700 милиони љубители на телевизиските серии.
Најмногу е извезена серијата „Сулејман Величествениот“ (Muhteşem Yüzyıl). Серијата е извезена во 70 различни земји, и стигна до повеќе од 500 милиони гледачи.

Заклучно со минатата година извозната сума на турските серии достигна до 500 милиони долари. Најпродуктивни беа телевизиските серии: „Валкани пари и љубов“ (Kara Para Aşk), „Север - Југ“ (Kuzey Güney), „Карадај“ (Karadayı), „Бурни времиња“ (Öyle Bir Geçer Zaman ki), „Се викаше Фериха“ (Adını Feriha Koydum), „Ѓумуш“ (Gümüş), „Судбината на Фатмаѓул“ (Fatmagül'ün Suçu Ne), „Езел“ (Ezel), „Притаени страсти“ (Aşk-ı Memnu), „Ертугрул“ (Diriliş Ertuğrul), „Кара Севда“ (Kara Sevda).
Чиле, Мексико и Аргентина се издвојуваат меѓу земјите каде што турските серии со своето интересно сценарио и оригинална музика се најмногу продавани.
- Серијата „Притаени страсти“ (Aşk-ı Memnu), произведена вво 1975 година е првата серија која се продаде во странство
Серијата „Притаени страсти“ (Aşk-ı Memnu), произведена во 1975 година е првата турска серија која се продаде во Франција во 1981 година.
Серијата „Лудо срце“ (Deli Yürek), чија прва епизода беше објавена во 1999 година се продаде во Казахстан. Популарноста на турските серии во арапскиот свет се зголеми во 2008 година.
Финалната епизода на серијата „Ѓумуш“ (Gümüş), која се емитуваше со арапска синхронизација, достигна до 85 милиони гледачи. Во серијата главните улоги ги играа Сонѓул Оден и Киванч Татлитух. Првата епизода од серијата беше емитувана во 2005 година.
Телевизиската серија на Халит Ергенч и Берѓузал Корел, „Илјада и една ноќ“ (Binbir Gece), уривајќи ги рекордите на гледаност во речиси 80 земји е првата серија која привлече внимание на глобално ниво.
„Сулејман Величествениот“ (Muhteşem Yüzyıl), во која главните улоги ги играат Халит Ергенч и Мејрем Узерли, покрај успехот на Блискиот Исток, достигна до повеќе од 500 милиони гледачи во многу земји, вклучувајќи ја и Јапонија. Сценариото на првите 56 епизоди на серијата беше напишано од Мерал Окај.
Турските серии се најгледаните продукции во арапските земји како што се Јордан, Ирак, Катар, Мароко, Тунис и Алжир. И покрај забраната во Саудиска Арабија и Египет, тие продолжуваат да бидат гледани на интернет.
Сериите се високо рангирани на рејтинг-листите на европските земји како што се Албанија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Косово, како и во Азербејџан, Туркменистан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан, каде што се зборува турски.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, на својот социјален медиум сподели дека ја гледа серијата „Ертугрул“ (Diriliş Ertuğrul). При посетата на Турција, претседателот Мадуро го посети и местото каде што се снима серијата. Познатиот фудбалер Лионел Меси, на својот социјален медиум објави дека неговите деца ја гледаат серијата „Валкани пари и љубов“ (Kara Para Aşk).
Приходите од извозот на серии до 2023 година се очекува да достигне до 1 милијарда американски долари.
- Продуцентската куќа „Нетфликс“ заинтересирана за турските телевизиски серии
Турција, исто така, заедно со Англија, САД, Франција и Германија се наоѓа меѓу првите пет земји кои извезуваат серии на телевизија и на интернет-платформа.
Покрај на телевизиските канали, сериите може да се гледаат и на алтернативните интернет платформи за гледање како што се „Јутјуб“, „Нетфликс“ и „Пуху“. На тој начин, покрај тоа што се олеснува извозот на сериите, сериите особено го привлекуваат вниманието кај младите.
Платформата „Нетфликс“ за гледање на серии и филмови преку интернет, има над 150 милиони претплатници во повеќе од 190 земји. И „Нетфликс“ не можеше да остане рамнодушен на пазарот на турските серии.
„Нетфликс“, купувајќи ги сериите „Лејла и Меџнун“ (Leyla ile Mecnun), „Тишина“ (Suskunlar), „Карадај“ (Karadayı) и „Езел“ (Ezel), ги вклучи во својата платформа. Првата оригинална продукција на „Нетфликс“ е серијата „Хакан: Заштитник“, каде што главната улога ја игра Чагатај Улусој. Потоа следува серијата „Атије“ (Atiye), каде што во главните улоги настапуваат Берен Саат и Мехмет Ѓунсур.