Tuba Şahin
22 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ТРАБЗОН (АА) - Турција во 2019 година реализира извоз на мед во 45 различни земји, вклучувајќи ги Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Саудиска Арабија, Кувајт и Оман, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција од извозот на мед изминатата година оствари приход од 24,8 милиони долари, а според податоците добиени од Асоцијацијата на извозници од источниот Црноморски Регион (DKIB), извезени се вкупно 5.548 тони.
Германија е најголемиот пазар за турскиот мед со остварен извоз од 8,8 милиони долари, потоа следуваат САД со 4,3 милиони долари, Саудиска Арабија со 3 милиони долари, Кувајт со 1,5 милион долари и Оман со 775.261 долар.
Ахмет Хамди Гурдоган, заменик-претседателот на Асоцијацијата на извозници, ја нагласи зголемената побарувачка за турскиот мед во странство.
„Нашиот извоз на мед од година во година се подобрува, благодарение на брендот и маркицата за географското потекло и квалитет“, истакна Гурдоган.