Vesna Besiç
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
КОСТРЗИН (АА) - Илјадници луѓе присуствуваат на отворањето на 23. Фестивал Вудсток (Woodstock), кој над 20 години се одржува во полскиот град Кострзин, јавува Anadolu Agency (AA).
Гратчето Кострзин, коешто се наоѓа пред реката Одра на германско-полската граница, над две децении е домаќин на фестивалот којшто важи за еден од историските моменти за музиката, дружењето и промоцијата на мирот.
Првиот Вудсток фестивал е одржан во 1969 година во американската сојузна држава Њујорк, а сличен секоја година, во првите денови на месец август се одржува и во Полска.
Идејата за одржување на овој фестивал во малото полско гратче потекнува од полскиот новинар и хуманитарец Ежи Овсиак, кој „Przystanek Woodstock“ го организираше како награда на волонтерите на фондацијата „Wielka Orkiestra Swiątecznej Pomocy (WOSP)“ за трудот и работата во текот на целата година.