Ekipa
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
АНКАРА (АА) - Почина Харуо Накаџима, јапонски актер кој го играше научно-фантастичкиот лик, „Годзила“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Би-би-си, јапонската продукција „Тохо“, соопшти дека 88-годишниот актер, кој го играше ликот Годзила во 12-те серии на научно фантастичкиот филм, Годзила, починал од пневмонија.
Накаџима својата кариера ја започнал како каскадер во воените филмови и филмовите со самураи, меѓу кои и филмот „7-те Самураи“ на режисерот Акира Куросава. Последен пат во 1952 година го играше ликот на Годзила во филмот „Годзила против Гиган“.
Поради тоа што во новите филмови за Годзила се користи компјутерска технологија, не се користат старите костими.